За нас

Агенцијата за недвижности Кодекс е основана 1999 година. Основната дејност на Агенцијата е посредување при купопродажба/изнајмување на недвижен имот, станови, куќи, земјиште за градба, како и деловни објекти (канцелариски простор, дуќани...).
Агенцијата Кодекс ја покрива целата територија на Република Македонија, а особено град Скопје каде е и седиштето на Агенцијата. Долгогодишното присуство и егзистенција на пазарот за недвижности е основниот показател за способноста и професионалноста на менаџерскиот тим, оперативниот/брокерски тим, како и правниот сектор кој функционира во склоп на Агенцијата. Менаџерскиот тим е составен од едни од првите агенти кои се појавиле во Република Македонија. Нашиот професионален и стручен пристап, како и бројот на реализирани предмети ни овозможува склучување на Договори за соработка по основ на станбени кредити со поважните банки во Република Македонија. Бројот на реализирани апликации за станбени кредити ни ја донесе и наградата „Агенција на годината“ за 2011 година, од страна на Стопанска банка, што директно ни овозможува забрзување на процедурата за добивање станбени кредити.
Агенцијата Кодекс како членка на Здружението на Агенции за недвижности е член на Управниот одбор со што директно учествува во донесување одлуки и креирање на политиката на работењето во областа на недвижностите.

Работно време на Агенцијата од 09:00 - 21:00 часот.

Со нашиот Кодекс на деловност до Вашиот дом и удобност.